Ајдаред е вид црвено јаболко од САД. Тоа е хибрид од две сорти на јаболка. За првпат било израснато во 1935 од Земјоделската експериментална станица на Ајдахо и од 1942 е широко распространето. Ајдаредот е цврсто јаболко со бело ткиво, кисело и сочно. Заради ова особено се користи во кулинарството. Се бере од крајот на септември до средината на октомври. Отпорно и трајно е сè до крајот на јануари, а соодветно складирано, може да трае и до јуни.
Categories: Apple